Актерката Шарлиз Терон на вчерашното доделување на британските филмски награди BAFTA облече две комбинации во кои изгледаше извонредно. На црвениот килим и на самото доделување на наградите во Ројал Алберт Хол во Лондон, таа се појави во виолетов фустан без прерамки, со ситно плисе и длабокот деколте, дефиниран со црн тенок ремен. Креацијата е на „Диор“, а актерката стајлингот го надополни со минималистички ѓердан на „Тифани“, природна шминка и благо накадрена фризура.
На забавата по одржувањето на BAFTA наградите таа се пресоблече во црн елегантен костим споен со секси топ од тантела, црни салонки и клач чанта.
Нема коментари