Една од најпопуларните и највлијателни модни блогерки Ејми Сонг, која стои зад Song of Style стана заштитно лице на SM Stores Makati. Станува збор за најголемата франшиза на стоковни куќи на Филипините, основана од SM Investments. Ејми сонг,пак, е една од првите што стекна милиони следбеници и почна добро да заработува од својот блог. Родена е во Лос Анџелес во семејство на доселеници од Кореа. Блогот го стартува во 2008 година, додека сè уште била студентка по дизајн на ентериер. Се популаризра со својот уникатен и смел стил со модерни женствени парчиња. Таа е миленичка на социјалните мрежи, и има повеќе од 3,6 милиони следбеници на Инстаграм. Дел е од листата на „Форбс“ за успешни и богати под 30 години во 2016. За неа пишуваа The New York Times, Women’s Wear Daily, Vogue Spain, а беше гостинка – уредник во Korean Vogue. Редовно седи во првите редови на престижните ревии на најпознатите брендови и дизајнери и е една од најфотографираните гости на модните недели
Нема коментари