Балансирањето на успешна кариера, семејни обврски и дружби со пријателите може да претставува вистински предизвик, поради што Avon ја лансира True – нова линија производи која што на жените, и покрај недостатокот од слободно време, ќе им овозможи секогаш да изгледаат и да се чувствуваат одлично. Линијата True содржи сѐ што е потребно за да се постигне негуван и софистициран изглед што ќе трае во текот на целиот ден. Составот на производите True е проверен и овозможува квалитет на кој може да му се верува.
Новата линија е наменета за жените кои што сакаат да ја истакнат својата природна убавина и без многу труд да постигнат класичен изглед што секогаш ќе биде во тренд. Основата на елегантната и вонвременска шминка секако се негуваните усни во богати нијанси и долгите трепки, кои секоjа жена може лесно да ги добие со помош на новиот хранлив кармин од палетата True Colour Supreme, како и со маскарата True Colour Supreme Length. Маслото од јојоба, медот и восокот од пчела што кармините ги содржат обезбедуваат ефект 3 во 1 на усните – изедначена и богата боја, нега и длабинска хидратација која трае и до 24 часа. Благодарение на аргановото и кокосовото масло, како и на витаминот Е, по користењето на True Colour Supreme Length маскарата, трепките се нахранети, без грутки и размачкување.
Avon на жените им овозможува да бидат најдобрата верзија од себеси со помош на True производите, а меѓу нив се пудрите, коректорите, моливите за очи и нежните лакови за нокти, на кои што можат да се потпрат во секој миг. True означува искреност, а ова е линија производи што исполнува ветувања.
Истражувањето на пазарот со козметички производи, што во текот на 2016 година, го спроведе Euromonitor International Limited покажа дека Avon е бренд број 1во категоријата производи за шминкање во Централна и Источна Европа. Како компанија што со децении ги охрабрува жените да ги остварат своите соништа и на приватен и на професионален план, Avon стреми кон постојани иновации кои што подобро ќе ги задоволат потребите на потрошувачите.
*Извор: Euromonitor International Limited, истражување на пазарот со козметички производи, издание 2016; според дефинициите за категоријата на производи за шминкање; вредносна малопродажба, бренд име, податоци за 2015 година.
За компанијата Avon:
Avon е компанија која што веќе 130 години гордо ги претставува убавината, иновацијата, оптимизмот и на прво место, жените. Производите Avon вклучуваат препознатливи и сакани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Достапни преку мрежа од речиси 6 милиони активни независни Avon Дами, производите на Avon одушевуваат потрошувачи во приближно 70 земји ширум светот. Дознајте повеќе за компанијата Avon и за производите што ги нуди на интернет-страницата avoncosmetics.com.mk.
Нема коментари