По повеќе од 135 години директна продажба преку претставници, козметичкиот гигант Avon ја отвори својата прва физичка продавница. Именувана Studio 1886 по годината кога е Авон основан, продавницата е сместена во Лос Анџелес на простор од околу 2.000 метри квадратни, модерно декориран простор во кој доминираат белата и магента боја.
Оваа продавнизца е замислена како извонредно искуство за брендот и центар за љубителите на убавината, вклучувајќи ги потрошувачите, како и независните претставници на продажбата на Авон. На два ката се изложени бестселерите на Авон од некои од најпродаваните линии ANEW, Skin So Soft, Planet Spa, како и најновите иновации на полето на нега на кожа, декоративна козметика, парфеми и производи за лична нега.
За да ја осигура безбедноста на посетителите студиото ќе биде темелно исчистено пред отворањето и ќе има редовно чистење и дезинфекција секој ден. Исто така, додека трае пандемијата на Ковид-19 продавницата ќе има ограничен капацитет, а посетителите ќе треба однапред да закажат термин. Во иднина ќе функционира како и сите парфимерии, со пробување тестери, шминкање и третмани на кожа.
Студио 1886 ќе служи и како бизнис центар за учење и образование. Претставниците и клиентите на Авон ќе имаат пристап до врвните едукатори на компанијата за нега на кожа, шмнкање, лична нега и многу повеќе. Редовно ќе се одржуваат сесии за обука. Претставниците ќе научат како да се консултираат со клиенти и да ги градат своите деловни активности во Авон.
Нема коментари