Во Кампањата посветена на Денот на жената, компанијата AVON лансира нов парфем, посветен и инспириран токму од нејзината женственост и префинетост. Гламурозен и софистициран мирис што предизвикува елегантна комбинација од пенлива свежина и цветен букет. Светлите и мирисни цветови се надополнуваат со одбрани овошки и топли сензуални дрва. Овој парфем во горните ноти има пенлива мешавина од црвен портокал, круша и ливчиња од темјанушка; срцевината открива букет од магнолија, ливчиња од јасмин и дива орхидеја, додека пак во основата ве препушта на релаксирачката комбинација од килибар, мека лушпа од праска и скапоцен мошус за долготраен мирис. Креаторот Хари Фримонт, кој инаку е креатор и на најпродаваните мириси во светот, вели дека убавината на цвеќињата го однеле во светот на мирисите:
-Бев инспириран од блескавиот дијамант”, вели Фримонт. „Сакав Avon Femme да биде луксузен букет од софистицираност, исто каква што е и модерната жена денес. Овој мирис е чудесно смел, страствено создаден и брилијантно вметнат во секое сценарио од животот на жената.
За последната Кампања од првиот квартал, AVON ја најавува новата маскара за вонсериски волумен – Aero Volume. Поаѓајќи од фактот дека 75 отсто од сите купени маскари се маскари за поголем волумен, компанијата создаде маскара со уникатна воздушеста бестежинска формула која ја обвива секоја трепка поединечно со лесен волумен. Со помош на оваа технологија трепките изгледаат природно и остануваат подигнати со часови, а од компанијата велат дека оваа формула е најлесната досега создадена кога било во AVON. Имено, традиционалните сферични влакна се тешки и грутчести, а старите формули за волумен имаат тешка структура која ги оптеретува трепките, па во новата маскара Aero Volume е употребена револуционерна ZERO GRAVITY технологија инспирирана од вселената која содржи т.н. Pillow комплекс на празни влакна кои прават волумен кој не тежи. Истовремено, маскарата Aero Volume има и уникатна четкичка во облик на ѕвезда која вертикално ги подигнува трепките и рамномерно ја распоредува формулата.
Новата револуционерна колекција кармини кои ги негуваат усните преку шест различни компоненти беа претставени на почетокот на 2014, во втората Кампања на компнијата. Луксузните кармини истовремено обезбедуваат и прекрасна боја и мултикорисни формули за напредно негување на усните, сега во само еден кармин. Тие содржат комплетен природен и витамински комплекс за нега кој вклучува 6 компоненти кои поттикнуваат потхранување и заштита на усните: витамини Е и Ц, фирол (екслузивно природно масло добиено од хлорофилот со силен регенерирачки ефект), 50% хидрирачки состојки како балсам за усни, заштитен фактор 15 и колаген. Целиот овој комплекс го прави карминот кремаст и овозможува толку висока хидратација и напредна нега на усните, што антиоксидантните својства продолжуваат да работат и откако ќе го извадите. Со својата иновативна True Color технологија која содржи самообновливи пигменти и гарантира вистинска долготрајност на шминката, овој повеќенаменски кармин обезбедува екстремно интензивни бои кои се достапни во 20 различни нијанси.
Нема коментари