Иновациската платформа “EFM Horizon” на германскиот автомобилски гигант Audi која вклучува употреба на напредни дигитални технологии во кино-салите ќе биде дел од интернационалниот Берлински филмски фестивал 2017 што ќе се одржи во февруари. Со тоа автомобилската компанија Аudi AG ќе остане најголем партнер и поддржувач на реномираниот филмски фестивал и во следните години.
Платформата “EFM Horizon” ја користи дигиталната технологија во кино за креирање виртуелна реалност и ја охрабрува размената на знаења во рамките на филмската индустрија. Освен со поддршката на Берлиналето, Audi исто така ќе ја продолжи и реномираната програма Berlinale Open House во Берлинале салонот на Audi.
- Ефективното спонзорирање на уметноста е интегрален дел од нашите корпоративни активности повеќе од 50 години. Платформите како Берлинскиот филсмки фестивал се импресивен начин за промовирање на интердисциплинарниот дијалог, како и за можноста да се искуси интерфејсот меѓу уметноста и технологијата поблиску – изјави Дитмар Фогенрајтер, член на одборот за маркетинг и продажба во Audi AG.
Одбројувањето до почетокот на филмскиот фестивал Берлинале, кој ќе се одржува од 9 до 19 февруари почна со презентација на Audi Q7 e-tron 3.0 TDI quattro, автомобил што испушта многу малку јаглеродмоноксид, со кој директорот на фестивалот Дитер Кослик ќе патува на деловните состаноци. На посетителите на Берлинале салонот на Audi и следната година ќе им биде достапна богата програма со настани, вклучувајќи ги и Lounge Nights на кои ќе настапуваат популарни музичари.
- Берлинале е инкубатор за креативност и нови трендови. Отвореноста и љубопитноста на Audi да го перцепира Берлинскиот филмски фестивал како лабораторија за суштински иницијативи отвора многу нови можности за нас. Ние сме исклучително среќни што ја продолжуваме блиската соработка со Audi и го прошируваме нашето партнерство со новата платформа “EFM Horizon” – изјави Кослик.
Нема коментари