Eшли Греам во новиот број на Harper’s Bazaar снимена за време на карантин, погледнете како изгледаше снимањето на насловната
Манекенката Ешли Греам се породи во јануари годинава и веќе ја сними првата насловна страница. Таа позира за новиот број на Harper’s Bazaar, а на првата страница открива како изгледаат жените после бременоста. Ешли носи бела креација од тандемот Проенза Скулер.
Автор на фотографијата е Марио Соренти, а снимањето е направено за време на карантин преку интернет. Во Zoom сесијата помогна нејзиниот сопруг Џастин, кој истовремено го држеше нивниот син Ајзак, но телефонот преку кој Марио фотографираше.
Новото издание на магазинот Harper’e Bazaar е посоветено на надежта, има шест различни насловни страници, на едната е познатата манекенка Кристи Тарлингтон. Кристи за овој број избра пет инспиративни жени кои носат глас на надеж во ова пост-Ковид време, едната е токму Ешли.
Нема коментари