Скопски саем, Занаетчиската комора на Скопје и МАТА организираат АРТ Базар на 13 и 14 февруари, во АРТ Салон кој се наоѓа во фоајето на управната зграда на Скопски саем. Со почеток во петок, 13 февруари, 12 часот, па се до 19 часот следниот ден, ќе се одржи уметнички базар по повод православниот празник Св. Трифун и популарниот Денот на вљубените, а на настанот ќе изложуваат повеќе уметници и дизајнери на ракотворби, накит, модни парчиња и украсни предмети. Засега најавени се Anzelika Art, Danna Art Jewelry, ЛУМА Оргонит, Елида Теодосиевска, Mодно ателје Bабулова-Ангелеска и Vrchkovski – Native Materials Lighting, а во следните денови ќе се објават и други учесници.
Нема коментари