Еден од најпросперитетните македонски брендови „Армариум“ оваа недела ја лансира својата веб-страна http://kosula.mk/ преку која сите корисници ќе имаат уникатна можност самите да ја креираат својата кошула, преку неколку едноставни чекори. Промоцијата на веб страната се одржа минатата недела во дизајн центарот „Јавна соба“, на која присуствуваа бројни соработници, клиенти и пријатели. http://kosula.mk/ е прва и единствена веб-страна од ваков тип, како во Македонија, така и на Балканот.
Изборот на идеален модел на кошула никогаш не бил полесен. Ограничениот избор и високите цени стануваат минато со оваа можност. http://kosula.mk/ ја поттикнува Вашата креативност и Ви овозможува со неколку едноставни кликови, да станете „Сам свој дизајнер“. Токму поради тоа сите можности кои ги нуди оваа страница се создадени за да овозможат многу подобро искуство за најкреативните, при создавањето на својата уникатна кошула.
-Нашите истражувања покажуваат зголемена употребата на оn-line купувањето. Оттука дојде и идејата за „Армариум“, поедноставување и подобрување на on-linе можностите за шопинг во Македонија е целта на оваа веб страна, како и истакнување на индивидуалниот стил на секој наш клиент. Посетителите ќе имаат можност да направат избор на буквално секој елемент од самата кошула. Почнувајчи од избор на ткаенина, боја на копчиња, па до избор на модел на кошула, во зависност од потребата на секој клиент – струкирана, класичен крој или проширена, модел на крагна, модел на манжетни и многу други детали – изјавија основачите Елена Костадиновска и Далибор Добревски.
„Армариум“ е нов бренд на македонскиот пазар кој што Ви нуди единствена можност да дизајнирате кошула од Вашите соништа, дизајнирана по Ваша желба и кроена по Ваши мерки. Вашата кошула од соништата ќе биде изработена со помош на специјалниот конструктор. Поголемиот дел од асортиманот се изработува по системот MTM, односно made-to-measure, што значи изработено по мерка. „Армариум“ произведува готови кошули, кошули по Ваша мерка и Ваш дизајн, како и лептир машни и марамчиња за сакоа и секаков вид на модни додатоци за деловен и casual стил. Ова е единствен бренд во Македонија кој што има индивидуално производство во однос на задоволување на Вашите желби. Сите производи од брендот „Армариум“ се изработени од високо квалитетни материјали со потекло од Холандија, Италија и Германија. За повеќе информации посетете ја веб страната http://kosula.mk
Нема коментари