Свет на софистицирана убавина и на елегантен дизајн е хотелот на Армани сместен во највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, хотел кој е прогласен за најлуксузен за 2016 година од страна на World Luxury Hotel Awards. Armani Hotel Dubai е олицетрворение на богатство, беспрекорна услуга од пет ѕвезди и дизајн на ентериер кој реферира на авторскиот печат на модниот креатор Џорџо Армани.
Хотелот содржи 160 соби сместени на првите осум ката на Бурџ Калифа. Според жирито кое ја додели наградата, „хотелот одржува чиста елеганција, едноставност и софистицирана удобност – сè што инаку го дефинира стилот на Џорџо Армани“. Едноставните и ненаметливи апартмани, беспрекорната услуга со личен батлер кој се доделува скоро на секој гостин, како и базенот, спа центарот и ресторанот Armani Ristorante само повеќе допринесуваат за признанието.
Нема коментари