Еден бренд ја интригира модната јавност во последниве сезони благодарение на архитектонската силуета и деталност карактеристична за високата мода – тоа е „Делпозо“ кој доаѓа од Шпанија, стана повторно актуелен по неговото возобнување и особено привлекува внимание по ангажирањето на Јосеп Фонт како креативен директор. „Делпозо“ и Фонт деновиве ја претставија првата предесенската колекција на куќата, која што е необична prêt-a-couture фантазија, интригантни скулптурални форми кои се всушност доста носливи и преку ден. Модернистичката колекција за есен 2016 на Фонт е инспирирана од колоритната работа на мексиканскиот архитект Луси Бараган и фотографиите на провокативниот јапонски автор Араки. Овие две референци се во хармонија со разиграната женствена визија на дизајнерот, во која се нагласува контрастот меѓу силното и деликатното, смелата колоритна палета и волуменозната силуета наспрема прозрачните ткаенини во нежни бои.
Нема коментари