Краткото видео Abstract Project претставува видеодокументација на процес спротивен од претходните практики на дизајнерите Драган Христов (Лудус) и Нина Симовска (Just Because). Крајниот резултат од овој колаборативен експеримент се два фустани што значително се разликуваат од досега вообичаената работа на „Лудус“ и Just Because. Видеото е направено специјално за учеството на двете македонски етикети на првиот саем за современа уметност „Паратисима Скопје“. Заедно со уште 9 други автори е избрано од страна на жирито како победник да патува во ноември на следното иэдание на „Паратисима“ во Торино.
Нема коментари