Новата урбана продавница наречена „Ап(о)тека“ ќе биде отворена на 20 јануари (петок) во рамки на прославата одбележи 45 години постоење на Младинскиот културен центар. Посетителите на „Роденден“ ќе имаат можност да го поглдената премиерно новиот простор кој е на 50тина м2, веднаш до инфо пултот на влезот во МКЦ.
-Што ќе ни е и АПоТЕКА во МКЦ? – Покрај две кино сали, концертна сала, планетариум, галерија, плато…?! Ха… Во „Ап(о)тека“ ќе се снабдите со сè што ни под разно нема да го пронајдете во „светилиштата“, односно популарните „молови“: плоча, диск, книга, ракотворба, велосипед, облека… Или: сите намирници од уметноста и културата (на живеење) неопходни за „преживување“, без рецепти. Својa нова адреса ќе најде и легендарната скопска продавница за плочи Maximum Rock’n’Roll, водена од еден од највредните ликови на македонската музичка сцена и заслужен македонски граѓанин, Тошо Филиповски. Дојдете до нашата и ваша „Ап(о)тека“, од 20 јануари, на намирници за нашиот дух и тело, без рецепти и зелени картончиња-велат од МКЦ.
МКЦ на 20 јануари ќе одбележи јубилејни 45 години постоење со изложба, поезија, филм и музичка програма во чест на Дејвид Боуви, на која ќе настапи „Фолтин“.
Настанот „Роденден“ почнува во 20 часот, а влезот е слободен.
Нема коментари