Данките и Скандинавките се новите модни ѕвезди, а уличната мода за време на тамошните модни недели инспиративно дефиле на стил со став. Прегледавме безброј фотографии уловени за време на последната модна недела во Копенхаген и направивме преглед на тенденциите што ги забележавме во уличната мода. Еден моден детаљ сосема непредвидливо стана главен меѓу данските стилски трендесерки – апостолките! Дали поради нетипично топлото лето Данките почувствуваа слобода са ги облечат пластичните влечки за на модна ревија, наместо за на плажа, не знаеме точно… Но, токму тие беа избор на Пернил Тајсбек и останатите модни инфлуенсерки кои сосема ноншалантно ги комбинираа со долги цветни фустани, елеганти креации и трендовски широки панталони.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари