Новата мобилна технологија не само што ја олеснува комуникацијата, туку доста е корисна и при шопинг и во изборот на соодветни модни парчиња. Новата бесплатна апликација за iPhone телефоните, Snap ColourPop, е добра алатка при изборот на облека и обувки врз основа на бојата. Апликацијата има за цел да го промени начинот на кој луѓето купуваат од онлајн продавниците, допуштајќи им да пребарувате по слики наместо со зборови.
Корисниците може да фотографираат било каков предмет, чија боја им се допаѓа: овошје, зеленчук, предмет од домот или канцеларијата или мотив од природата, и со апликацијата да најдат модел чија боја одговара на фотографираниот предмет. Апликацијата е поврзана со огромна база на креации, што ги вклучува не само големите модни куќи, туку и трговците на мало. Така, може да си најдете облека што ќе одговара на вашиот лак за нокти, автомобил, софа, па дури и со вашиот ручек.
Нема коментари