Трендот познатите личности да дизајнираат или потпишуваат модни брендови не е ништо ново, но ретко кој од нив одлучил всушност да изучува моден дизајнер. Како на пример актерот Антонио Бандерас. Тој реши да се занимава со мода, но и да се едуцира и се запиша на најпрестижната модна школа „Сентрал Сент Мартинс“ во Лондон. „Сент Мартинс“ повторно е прогласена за најдобра модна школа во светот, со дипломци како Џон Галијано, Александар Меквин, Стела Макартни и Кристофер Кејн. Бандерас веќе две недели ги постетува курсевите на школата и веќе се фали дека навлегува во тајните на правењето шаблони. „Интензивно, возбудливо и забавно во исто време“, објаснува актерот покрај една фотографија „Инстаграм“.
-„Сент Мартинс“ е веројатно една од најдобрите школи во светот, и јас одлучив да студирам таму. Тоа ме прави да се чувствувам навистина многу млад, повторно да ги ставам лактите на клупа и да се обидам да разберам друга реалност. Се разбира, јас нема да престанам со мојот професионален живот, ќе продолжам да глумам и да режирам, но ова е нешто ново – изјави Бандерас на една британска телевизија.
Нема коментари