Шпанскиот актер и од скоро студент по моден дизајн Антонио Бандерас ќе го глуми познатиот италијански дизајнер Џани Берсаче во биографскиот филм на данскиот режисер Бил Август. Уште минатата година Август го најави филмот, но деновиве за време на филмскиот и музички фестивал во Искија во Италија, објави дека снимањето почнува во декември во Милано. Потоа тимот продолжува да снима во регионот Калабрија, каде што е роден Џани, и во Мајами, каде што во 1997 година дизајнерот беше убиен пред својот дом. Сè уште не е познато на кој дел од животот на дизајнерот ќе биде ставен акцентот, но се знае дека нема одобрување од семејството Версаче и дека сценариото е напишано без никакво инволвирање на роднините. Семејството Версаче за WWD изјави дека „не го авторизирале, ниту биле вклучени во креирањето на филмот, и дека тој треба да биде сфатен како фикција“.
Бандерас почна да студира моден дизајн на лондонската школа Сент Мартинс, и ја презентира првата колекција направена во соработка со скандинавскиот бренд Selected. Режисерот Август веќе работел со Бандерас на The Home of the Spirits, познат е по филмот „Пеле освојувачот“ (1987) за кој има добиено Оскар и Златна палма во Кан.
Нема коментари