Во пресрет на зимските месеци доаѓа и новата зимска колекција на брендот #AngieM. насловена ‘Miss Warm’, тренди линија која пред сè има за цел да ве стопли и да направи да се чувствувате пријатно во својата кожа, а веднаш потоаи да ви помогне да го заокружите вашиот извонреден стил со уште едно уникатно модно парче со потпис на овој бренд зад кој стои Ангела Младеноска.
-Модерни дизајни, интересни плетки, елегантни кроеви и зимски нијанси се само еден дел од најновата зимска колекција. Студените месеци со себе носат различни начини на облекување, а во фокусот секако, е надворешниот аутфит, се согласувате, зар не? Затоа ние внимателно се посветивме и овој пат да лансираме колекција во која ќе издоминирате и во претстојните зимски денови. Новата зимска колекција има низа на уникатни рачно изработени џемпери, бодиња, фустанчиња и комбинизони во земјени тонови, кои се неверојатно комфорни, топли и неспоредливи со кои било други брендови. Го искористивме најдоброто од врвните класични стилови додавајќи свој печат и детаљ за да креираме нешто кое ќе биде приказ на синергија од веќе омилените и најновите дизајнерски трендови– изјави Ангела.
Колекцијата ‘Miss Warm’ на Angie M. е спој на тесни, припиени бодија, комбинезони, фустани, миди здолништа, со дебели плетенени џемпери. Овие зимски парчиња може да се носат не само оваа сезона, туку и во годините кои доаѓаат.Овие парчиња се во ограничени количини.
-Како и секогаш, огромна благодарност до дизајнерот Занов за неговата професионалсност и посветеност, а воедно голема благодарност и до тимот за нивната рачна плетка на сите уникатни џемпери. Last but not least, благодарност и до останатите членови за вложениот труд за реализација на новата зимска колекција: фотографија – Ani & Dimi, шминка и фризура – Social Hair Sаlon и модната агенција – Models In Management– велат од брендот.
Нема коментари