Актерката и амбасадорка на ОН Анџелина Џоли ќе го промовира новиот парфем Mon Guerlain на француската козметичка куќа Guerlain кој што ќе биде лансиран во март годинава, а партнерството со овој луксузен бренд не се однесува само на парфемот. Како долгогодишна хуманитарка, Џоли изјави дека целосната плата од ангажманот на кампањата ќе ја донира во некоја од нејзините добротворни фондации. „Креираме парфеми за жените на кои им се восхитуваме“, вели Жак Герлан, кој претходно ги создал познатите парфеми Shalimar, L’Heure Bleue и Mitsouko. Покрај тоа што ќе биде заштитно лице на кампањата, Анџелина е и музата зад парфемот Mon Guerlain, а парфумерот Тиери Васер открива дека тој ќе содри „ноти на жена – нејзините избори, емоции и соништа кои ја отелотворуваат модерната женственост“.
1 коментар