Седумнаесетгодишната Андријана Илиоска од Скопје е победничка на изборот Мис на Македонија за 2017 за Miss Globe. На селекцијата што се одржа минатиот викенд во хотелот „Александар Парк“ во Виница за прва придружничка е прогласена Ангела Спасовска од Куманoво, а втора придружничка е Наталија Андонова од Берово.
Андријана ќе ја претставува Македонија на изборот за Miss Globe 2017, кој ќе се одржи наредниот месец во Албанија и Италија. Двете придружнички ќе учествуваат на други интернационални избори за кои Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Нема коментари