Моделот Андреја Пејиќ влезе во историјата во светот на козметиката како прв трансродов модел во рекламна кампања на брендот Make Up For Еver. Една недела по објавувањето на насловната страница на Vanitiy Fair со Кејтлин Џенер (претходно Брус Џенер), трансородовата заедница се израдува и на успехот на Андреја. Роден како Андреј и со потекло од Босна, неколку години ги освојува модните писти. Андреја лани го смени полот, а за ангажманот вели дека е како изполнување на сонот првата голема рекламна кампања по промената да ја оствари токму со голем козметички бренд. Слоганот на кампањата е Be Bold (Биди смел). „Да се биде смел значи да се биде слободен. Тешко е да растете и да не се плашите од она што другите го мислат. Шминката ми помага да се изразам себеси и ја користев на различни начини во мојот живот. Се стремев да го живеам животот според сопствени правила, никогаш повеќе да не мора да се кријам и никогаш повеќе да не чувствувам срам поради тоа што сум. Горд сум на тоа и подеднакво сум горд да ја споделат таа порака преку оваа кампања за Make Up For Ever“, вели Андреја.
Нема коментари