По кратко отсуство од модната сцена, најславниот андроген модел Андреј Пејиќ се враќа со рекламна кампања за германскиот бренд MCM. Пред две-три години неговото прекрасно машко/женско лице се појави на страниците на сите можни модни магазини и на ревиите на големите дизајнери (најмногу кај Жан Пол Готје), предизвика револуција со својот изглед и ангажманот како женски модел (иако е роден како машко), а деновиве е актуелен повторно, откако се појави на ревијата на DKNY во Њујорк.
Австралиецот со српско потекло сега го гледаме и во пролетнта рекламна кампања на германскиот бренд за луксузни модни додатоци MCM насловена како Flower Boys in Paradise. Покрај фотографиите, објавено е видео кое е фузија на психоделични и слики на „најубавото момче на светот“ Андреј Пејиќ. Калеидисокопскиот стил од видеото е резултат на калеидоскопскиот принт и цветните шари од креациите со кои брендот има цел да постигне родова неутралност на естетско ниво. Кршењето на границите помеѓу она што се смета за женствено и за мажествено, очигледно е долгорочна цел за етикетата MCM.
Аопственикот на брендот, за WWD изјави: „Концептот на родова неутралност е клучен не само за кампањата за оваа сезона, туку и во смисла на тоа во која насока сакаме да се движи брендот во иднина. Сакаме да се оддалечиме од традиционалните таргет-групи и да го развиеме брендот во вистинско ново училиште на луксуз, притоа укажувајќи на идните алтернативи на животен стил“. Андрогениот Пејиќ се чини дека совршено се вклопува во тој концепт, а модната индустрија која се соочува со многу критики за недостатокот на разновидност и одбивање да ги предизвикува општествените норми, со оваа кампања и со онаа на стоковната куќа Barney’s (која подготви реклама на трансексуалци), ја зголемува свеста за кршење на родовите стереотипи.
Нема коментари