Австралискиот андроген модел со потекло од Србија, Андреј Пејиќ, ќе биде дел од кастингот за новата верзија на бајката „Малата сирена“ од Ханс Кристијан Андерсен што ќе ја режира оскаровката Софија Копола. Според првичните информации Андреј ќе ја глуми една од сестрите сирени на главниот лик Ариел. А се шушка дека улогата на Ариел ќе ѝ припадне на Ема Вотсон. Адаптацијата на Копола на „Малата сирена“ ќе биде наменета за помладата публика, иако режисерката планира да се прилагоди на оригиналниот крај на бајката, оној кога сирената се жртвува, а не оној кога го убива принцот како што е вообичаено во холивудските верзии. Ова не е првпат андрогениот Андреј да се најде во актерска улога. Се појави во неколку кратки филмови, како и во одличниот видеоспот на The Stars (Are Out Tonight) на Дејвид Боуви каде што изглуми покрај манекенката Саскија де Брау и фантастичната Тилда Свинтон.
Нема коментари