Нашиот успешен интернационален модел Андреј Пајмакоски додека престојуваше два месеци во центарот на светската мода, Милано, успеа да изработи неколку фантастични проекти помеѓу кои беше и модниот едиторијал за магазинот Movem во кој носи креации на Boss. Фотографирањето беше на неколку локации во Милано предвидено за новата модна сезона.
-Пајмакоски е веќе подолг период присутен на интернационалната модна сцена, но сега веќе кога го застапува докажаната агенција ELITE дојдоа вистинските проекти. Андреј е еден од ретките машки модели кои си го трасираше патот до големите светски метрополи. Под раководството и тимот на Марко Николиќ од Фокс Моделс неговата кариера почна да движи по нагорна линија. Егзотичниот убавец со вистинските манекенски пропорции е одличен пример за сериозноста и професионалноста на машката модна сцена – велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
Нема коментари