Колоритните креации од колекцијата пролет-лето 2014 на брендот „Прада“ добија нова нарација со фотосесијата за руското издание на магазинот Numéro. Легендарниот моден уредник Андре Леон Тели, кој соработува со магазинот, ги зема конците во свои раце за овој едиторијал. Во улога на руска рајска птица се појавива манеканката Франци Милер. Фотографиите ги изработи Франческо Карозини. Погледнете го одушевувачкиот едиторијал, кој е чекор напред во презентација на една колекција, со беспрекорен стајлинг и едноставна, но повеќеслојна приказна.
Нема коментари