Главната уредничка на американски Vogue Ана Винтур се појави на вчерашната модна ревија на Марк Џејкобс на Њујоршката модна недела облечена во бела маичка со ликот Хилари Клинтон, сопругата на поранешкиот американски претстедател Бил Клинтон и актуелна кандидатка за Белата куќа. Маичката е дизајн на Џејкобс, кој исто така ја поддржува Клинтон. Винтур не крие дека ја стои зад Хилари во трката за преседател на САД, а ѝ посвети десет страници во новиот мартовски број на Vogue.
Нема коментари