Топ-моделот Ана Селезнева го промовира новиот парфем на Balmain, наречен Extatic. На фотографиите на Карим Садли таа носи модел од новата колекција на француската модна куќа: црна блуза комбинирана со златно здолниште, елегантни чевли со високи потпетици и луксузен накит. Од Balmain ја избрале Селезнева, која им е омилена манекенка изминатиот период, поради нејзината сензуалност и женственост, што одговара на главната нота на парфемот.
Нема коментари