Мaнекенката од модната агенција „Подиум“, Ана Кафтановска, е „модната кукла“ на етикетата „Зап Милано“ во ТВ-едиторијалот за емисијата „Стилисимо“. Стајлингот и шминката ги направи авторката на „Стилисимо“, Цаци Паковска. Таа избрала младешки креации со рокерски шмек, наменети за урбани девојки и жени со слободен дух, кои се во постојано движење. Понудено е кожено елече со реси во комбинација со бела блуза со набори и треновско кусо здолните со проширен долен дел. Вториот стајлинг е со кожено црно кратко здолниште споено со крем блуза со широки ракави и крем кожена јакна со модерен крој. Кремасто-црна е и третата комбинација, на палтенце со набори во долниот дел и панталони со нетипичен дизајн, со панделка во предниот дел. Моделите иако се за сезоната пролет-лето 2014, може да се носат во постудените преодни денови. Стајлинзите се надополнети со актуелен метален макит, со доминантни златни нијанси, како и удобни обувки. Погледнете го видеото кое екслузивно беше претставено во неделата во модното шоу „Стилисимо“. (А.Н.)
Нема коментари