Порталот Models.com ја објави годишната листа на модели кои ја одбележаа годината во неколку категории, онаа најважната за манекенка на годината им припадна на Ана Еверс, како избор на луѓето од модната индустрија, и на Џиџи Хадид, избор на публиката.
Германката Ана Еверс е изгласана за модел на годината од страна на гласачки совет составен од преку 250 професионалци во модната индустрија, како на пример стилистите Кејти Гранд, Едвард Енинфул и Керолин Серф де Дадзил. Годинава Ана беше препознатлива како муза на Александар Ванг, сработи многу едиторијали, кампањи за „Шанел“ и H&M, насловни страници за Vogue и Harper’s Bazaar.
Џиџи Хадид годината ја заврши со декемвриската насловна страница на британски Vogue и ангажманите како заштитно лице на новите кампањи на „Версаче“ и Томи Хилфигер. Се појави и во други кампањи, во повеќе модни списанија и на ревијата на „Викторија Сикрет“, а е една од најследените манекенки на „Инстаграм“.
Нема коментари