По стотици венчаници износени на модната писта, бразилскиот супермодел Ана Беатриз Барос викендов конечно облече невестински фустан приватно. Некогашниот ангел на „Викторијас сикрет“ во раскошен бел фустан од тантела со потпис на „Валентино“, го кажа судбоносното ДА на своето момче, бизнисменот Карим Ел Чиати. Свеченостасе одржа на плажа на грчкиот остров Миконос. Романтичниот изглед беше дополнет со нежен вел, дијамантски обетки и бисерен ѓердан. Младоженецот носеше бел класичен костум. Меѓу гостите беа повеќе колешки на Ана, како Изабели Фотана, Алесандра Амбросио и други. Пред сведбената веселба имаше и уште една забава на која убавата невеста носеше бела креација со тантела и карнери од Алесандра Рич, а во косата имаше вметнато цветови.
Нема коментари