Познатата бразилска манекенка Ана Беатриз Барос беше гостинка на модната ревија на шпанскиот бренд „Манго“, што деновиве се одржа во палатата Марамара Есма Султан во Истанбул, која нуди спектакуларен поглед на Босфор. Брендот ја претстави колекцијата за есен-зима 2015/16 инспирирана од музичките хероини и од модните стилови карактеристични за 70-тите години од минатиот век, а Барос како главна гостинка ја отвори и ја затвори ревијата. „Среќна сум што „Манго“ повторно ме избра, овојпат за настан во овој прекрасен град Истанбул, што го обожавам и чија храна многу јас сакам. Одушевене сум што отворив ваков специјален настан. Исто така многу ја сакам музиката и колекцијата на „Манго“, што оваа сезона им оддава почит на оние луди години на слобода и е инспирирана од стилот и талентот на големите музички легенди“, изјави манекенката за време на престојот во Турција. „Манго“ во Истанбул ја претстави колекцијата за есен-зима 2015/16, премиерно прикажана пред неколку месеци во Барселона, а на настанот присуствуваа познати личности од турската јавна сцена.
Нема коментари