Модниот свет се собра на едно место во парискиот ресторан „Павилјон Ледојен“ на гала вечерата на хуманитарната организација amFAR. Настанот се случи во екот на неделата на висока мода и по ревиите на „Версаче“ и Улијана Сергеенко, а свој удел во подигањето на свеста и развивање на програмите за борба против сидата дадоа Марк Џејкобс, Наоми Кембел, Мирослава Дума, Кристијан Лубутан, манекенки, модни уредници, бизнисмени од модната индустрија. Дел од гостинките, како Роузи Хантингтон-Вајтли, Карли Клос и Наоми носеа креации токму од новата колекција на „Версаче“.
Нема коментари