Во сабота, 1 октомври, во рамките на манифестацијата Бела ноќ ќе биде прикана изложба на американски ПОП АРТ, распослана на три страни во градот: Музејот на Град Скопје, Музејот на современа уметност, и Младинскиот културен центар – МКЦ. Повеќе од 100 графички дела, од шесте култни: Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист. Делата на поп-артистите пред сè упатуваат на потрошувачката култура, маркетингот и јавните гласила. Поп артот е инспириран од дадаизмот за да дозволи хуморот, иронијата и критиката да бидат дел од нивните дела како вид уметничка стратегија. Изложбата е во сопственост на Жива Шкодлар Вујиќ и Лазар Вујиќ од Љубљана. Продуцент на изложбата е Михајло Несторовиќ.
Нема коментари