Откако ја превзеде задачата на креативен директор во куќата на Келвин Клајн, Раф Симонс ја претстави колекцијата By Appointment и новото лого, а сега дојде време и за рекламната кампања за новата колекција наречена „Американски класици“. Кампањата ги претставува модните парчиња по кои брендот стана познат – фармерки, памучни маици и машка долна облека, а овие модни класици фотографот Вили Вандепер ги сликна пред други американски класици, уметничките дела на Енди Ворхол, Стерлинг Руби, Ричард Принс и Ден Флејвин. „Кампањата ги слави познатите фармерки и долната облека на Келвин Клајн, нивниот статус во поп културата и ги претставува во уметничкиот свет“, вели Симонс.
Раф Симонс денеска ќе има првата прва модна ревија за Келвин Клајн, а livestream од ревијата на следниов ЛИНК.
Нема коментари