Супермоделите Амбер Валета и Ана Еверс ја предводат пролетната кампања на шпанскиот бренд „Манго“ снимена на островот Фуертевентура, вториот по големина од Канарските Острови. Кампањата за пролет-лето 2018 ја потпишува фотографот Марио Соренти, машките креации ги носи манекенот Ноа Милс, тематски се фокусира на интимноста и врската меѓу луѓето, а обединувачката порака се чувствува и преку песната употребена во промотивното видео – „Море на љубовта“ од Кет Пауер.
Портретите во кампања снимени во суровата природа на островот ја истакнуваат визијата на италијанскиот фотограф кој ја истражува комбинацијата на природата и растечкиот тренд меѓу модата и новите технологии.
Во одредена смисла брендот сакаше да создаде кампања која ги вклучува социјалните мрежи и да ги вклучи учесниците да донесуваат одлуки за комбинациите што ги носат моделите. Оваа иницијатива е комбинирана со други кои „Манго“ ги имплементираше со иста цел: да се создаде заеднички простор со своите клиенти, истакнувајќи го единството меѓу луѓето кои ја делат истата страст за модата, трендовите и најновите понуди на брендот. Клучен елемент на овој проект е #MangoGirls, каде што корисниците од целиот свет можат да понудат своја сопствена интерпретација на колекциите „Манго“.
Во женската колекција за пролет-лето 2018 на „Манго“ нагласени се деликатните и прозрачни модни парчиња кои се комбинираат со предимензионирана облека. Преовладуваат набори, деликатно плетиво, отпечаток на релјеф, релаксирана силуета, палета на неутрални бои, парчиња инспирирани од природата. Погледнете ги фотографите и видеото.
Нема коментари