Супермоделот Амбер Валета ги промовира новите модели од еколошката линија на шведскиот бренд H&M. Манекенката од златната генерација на модели од 90-тите години, која гради успешна актерска кариера, е ангажирана за промоција на две колекции на компанијата за секојдневна облека – Conscious и Consious Exlusive. Валета, која е активистка за заштита на животната околина, без размислување прифатила да се појави во пролетната кампања со која се промовираат модни парчиња од еколошки материјали. Првите модели, за секојдневен изглед се хипи, боемски, лежерни и удобни, наликуваат на сафари кроеви или на креации од индиската традиционална облака. Идеални се за топлите денови пред нас. Направени се од органски, рециклирани и целулозни материјали. Застапени се кошули, кафтан, шорцеви и панталони. Креациите ќе се најдат во продажба на 10 април во продавниците на H&M ширум светот.
Нема коментари