Семејството на козметичката куќа Lancôme се прошири со уште една личност како глобален амбасадор на брендот, тоа е актерката Аманда Сејфрид. Благодарение на својот весел карактер и природната харизма, Аманда е новото заштитно лице на француската компанија, со која веќе соработуваат Џулија Робертс, Кејт Винслет, Лупита Нионго, Лили Колин, Изабела Роселини и во последно време Зендаја.
-Возбудена сум што се придружив на ова неверојатно семејство на женски амбасадори, во кое сите дами се различни, сепак обединети во мисијата на претставување на Lancôme. Тие се олицетворение на квалитети и вредности кои ги инспирираат жените ширум светот да бидат самоуверени, среќни и исполени – изјави Аманда за новата улога.
Од Lancôme велат дека актерката зрачи со позитивна енергија, талентирана е и има неверојатна природна убавина. На првите промотивни фотографии Аманда е сликана со роза, заштитниот знак на брендот, а што индицира дека првата кампања ќе се однесува на новите производи на база на роза – спрејот Rose Milk Mist и маската Rose Sorbet Cryo-Mask.
Нема коментари