Актерката Аманда Сејфрид за првпат се најде на насловната страница на јунскиот број на американски Vogue, а направи и фотосесија со Марио Тестино на локација во Италија во која позира во летни креации од познати дизајнери и брендови. Во интервјуто за магазинот зборува за кариерата, за љубовниот живот, за своето куче Фин кое е ѕвезда на нејзиниот профил на „Инстаграм“ и за желбата да оформи семејство. За своето момче, актерот Џастин Лонг со кого е во врска од 2013 година, вели дека се запознале пред многу години преку заеднички пријатели, но се зближиле откако таа искоментирала на фотографија на „Инстаграм“. Актерката во моментов е актуелна со второто продолжение на филмот „Тед“, а настапува и во театар. Аманда за Vogue го сними и видеото … заедно со нејзиниот ултимативен пријател, куче Фин.
Нема коментари