Зимската колекција на брендот „Алшар“ на дизајнерката Силвија Михајловска со кроевите, формите, асиметријата и боите се надоврзува на есенската колекција „Skopje Streets“. Покрај бела, сива и црна во новата колекција се вметнати и смарагдно зелени парчиња изработени од топла плетена чипка и парчиња од фино кадифе со принт во зелени тонови. Колекцијата ја сочинуваат најмногу фустани и елеци-фустани кои можат да се носат самостојно и искомбинирани со друг аутфит. Со асиметрични форми, парчињата се урбани, шик, погодни за носење и преку ден и навечер. Колекцијата содржи и неколку ексклузивни капутчиња во сива-сребрена боја со асиметрични детали наменети за вечерни дотерувања. Ова е само дел од колекцијата која ќе се дополнува постојано во текот на периодот.
Alshar Winter Collection 2018/19
Дизајнер: Силвија Михајловска/ Фотографии: Крсто Златков/ Модел: Маја Илиоска
Нема коментари