После најавата со преденските креации од џинс и во бохо-стил, дизајнерката на брендот „Алшар“ Силвија Михајловска ја претставува комплетната колекција за овој период наречена „Сложувалка“.
- Името се наметна од идејата и потребата да направам една комплетна колекција која ги содржи сите делови од женската облека кои воедно можат меѓусебно да се комбинираат и надополнуваат. Инспирацијата ја добив од модната блогерка Блер Еди чии беспрекорни модни комбинации се најблиску до мојот сензибилитет на работа. Колекцијата содржи уникатни парчиња со силен личен печат, давајќи посебност и можност да се имплементираат во индивидуалниот стил на жената што ги носи. Посебноста на оваа колекција се истакнува и во спојот на рачно плетени апликации кои ги има на некои од моделите (типични мотиви од нашиов простор) со глобалните модни трендови– изјави Силвија.
Колекцијата содржи фустани изработени од волна памучен брокат и жоржет, широки панталони од волна, панталони-килоти, плетени фустани, џемпери и топови, во бои актуелни оваа сезона како бордо, марсала, розева и нијанси на сива. Како и сите нејзини колекции дизајнерката и овааја надополни со капути, понча, кошули, изработени од кадифе, твид и букле.
-Постојано ќе има нови парчиња од оваа сложувалка, а во декември следува зимската колекција. Фотосесијата е направена во моето ново студио за работа со прошорениот тим на „Алшар“ и мојот ексклузивен модел МајаИлиоска.
Нема коментари