Минатата недела дизајнерката Силвија Михајловска која го потпишува модниот бренд „Алшар“ ни ја откри колекцијата Skopje Streets, урбани парчиња во црна, бела и со шара на анимал принт. Приказната е дополнета со впечатливи цртежи инспирирани од њујоршкиот стрит-артист Keith Haring, а врз креациите на Силвија ги нацрта Iva Creativa. Неколку дена подоцна тимот на „Алшар“ повторно се забавуваше и Силвија креираше нови урбани креации како дел од Skopje Streets колекцијата. Iva Creativa беше инспирирана и црташе, Maja Илиоска се забавуваше додека позираше пред објективот, а Крсто Златков повторно направи фантастични фотки низ улиците на Дебар Маало во Скопје.
Нема коментари