Инспирирана од пролетните настани и забави дизајнерката Силвија Михајловска, која стои зад брендот „Алшар“, ја креирала новата колекција за оваа пролет наречена Spring breakers. Моделите ќе бидат премиерно претставени со ревија) во рамки на Fashion & Lifestyle Expo в петок (23 април) со почеток во 21 часот во Македонската опера и балет.
Михајловска учествува по покана на организаторите „Моментум“, а вели дека ја мотивирале успешните претходни изданија на настанот.
- Fashion & Lifestyle Expo е организиран на највисоко ниво и предходните години ми остави силен впечаток. Ми се допадна идејата за поразличен концепт од другите модни настани. Има можност за изложбен простор, ревија, поразновидна публика заинтересирана и за други типови дизајн освен модниот-вели Силвија.
Колекцијата Spring breakers е наменета за пролетни настани и забави. Дел од изгледите се необични, опуштени и урбани за дневни комбинации, но некои се посмели наменети за вечерни излегувања.
-Креациите се со типични форми за мојот дизан: асиметрицни, архитектонски, разиграни со карнери, украсени со нитни и оригами цветови. Изработени се од памучни материјали соодветни за пролет, и се во свежи, светли бои: крем, бела, сина, жолта, маслинеста, портикалова и друго. Креациите се наменети за урбани девојки-вели таа.
Дел од креациите на ревијата ќе ги носатт три наши популарни модни блогерки: Емилија Вучиновска – Urban Vibe by Miss E, Александра Трпевска- Majestic и Александра Спасеска – Везилка. Чевлите со кои ќе бидат дополнети стајлинзите ќе бидат од брендот за уникатни еко-обувки DOGO Skopje.
Колекцијата ќе биде надополнета со уште неколку уникатни парчиња во тој стил, а потоа следува сосема различна летна колекција. А за наредната есен планира учество и на Моден викенд-Скопје. (А.Н.С.)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари