Новата колекција на брендот „Алшар“ и дизајнерката Силвија Михајловска ја обоија оваа пролет во силни тонови на розова, црвена и неон зелена боја
Креациите се предвесник на модните трендови со храбро комбинирање на бои и принтови, но и на материјали. Така, во колекцијата ќе сретнете шарени и лелеави модели кои се надополнети со парчиња во кремави нијанси и сафари стил.
-”Spring is coming” ја сочинуваат фустанчиња, панталони, наметки-кошули, долги лелеави тоалети надополнети со здолништа-појаси и рачно насликани корсети. Застапени се асиметријата во кројот, како и нитните кои го надополнуваат целиот изглед. За потребите на оваа фотосесија специјално се изработени чевли од македонскиот бренд Shevro, во розеникави, проѕирни и црно-сребреникави тонови. Дополна на изгледите се мрежестите и хулахопките во боја од Пенти – изјави дизајнерката Михајловска.
Силвија, со својот тим, фотографот Крсто Златков и моделот Маја Илиоска, ја претставја новата пролетна колекција наменета за урбани девојки и жени кои храбро ќе ги искомбинираат боите во своите дневни и вечерни излегувања.
Колекцијата веќе е пристигната во ателјето „Алшар“, а постојано ќе се надополнува со нови и свежи модели во текот на периодот.
Нема коментари