Со вино, љубов и картички со попуст, креаторката Силвија Михајловска, која стои зад брендот „Алшар“, денеска во своето студио ќе ја промовира новата колекција. Станува збор за предпролетна линија со 30 изгледи. Покрај елеганите и женствени модели во црна боја, застапени се впечатливи парчиња во магента-розова и пурпурно-виолетова, а има и парчиња во бела, сива и црвена нијанса.
-За посетителите и купувачите денеска ќе има благца и клуб картички со попуст, кои важат и за секое наредно купување. Новата колекција, која ќе биде изложена во ателјето, содржи пролетни палтенца, фустани, панталони кошули и здолништа, кои можат меѓусебно да се комбинираат. Моделите се женствени и се надополнети со рачно везени апликации: бисери и цветови, како и карнери и асиметрични кроеви. Користев природни материјали, најмногу памук. Би сакала да нагласам дека сите креации се уникатни-вели Михајловска.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари