Модната икона, актерка и пејачка Алма Јодоровски е ѕвезда на третиот филм од дигиталниот проект на шпанскиот бренд „Манго“. Во филмот, кој е претставен деновиве, таа го открива Токио носејќи ги креациите кои се слика за нејзиниот позитивен карактер.
-Музикатаи глумата ми се најголеми пасии, кои ме доведоа во Токио во потрага поинспирација. Се обдиувам да извлечам шро е можно повеќе од ова патување, и да дознаам повеќе за животниот стил на лужето што живеат таму, што најмногу ме инспирира-вели таа.
Во проектот на „Манго“, кој стартува на почетокот на септември, со три кратки филми, во чиј фокус покрај Јодоровски се и Камила Роу и Џулија Рестојн Ројтфил, се раскажуваат приказни инспирирана од еден аспект на нивната личност-модерност, женственост и позитивност, што всушност се и главните карактеристики на овој бренд.
Алма, позната по улогите во Blue is the warmest colour и Kids in Love, која исто така е дел од електро-дуото Burning Peacocks, е симбол за позитивноста.
Нема коментари