Шведската актерка Алисија Викандер танцува во ритамот на хитот од 60-тите The Twist во новата реклама на Louis Vuitton. Глумицата, која е годинешна добитничка на „Оскар“ за најдобра споредна женска улога, ја рекламира чантата Twist MM, облечена во креација од Николас Гескиер. Викандер, која е едно од заштитните лица и глобален амбасадор на Louis Vuitton, важи за една од најдобро облечените актерки во моментов. Таа е ИТ-девојка во модниот свет, но и на големото платно, актуелна со филмовите Testament of Youth, The Man from U.N.C.L.E. , Ex Machina и The Danish Girl. Дваесет и седумгодишната Викандер одлично се снаоѓа во рекламата, што не е ни чудбо со оглед на тоа што има учено балет во Royal Swedish Ballet School во Гетеборг.
Нема коментари