Розова боја, цветни апликации и рачна изработка се заштитните знаци во работата на македонската дизајнерка Душица Петит, која во Париз го гради својот моден бренд Shaleva Couture. Овие препознатливости ги има и во колекцијата „Алиса во земјата на чудата“, за која е создаден овој едиторијал со француски тим, а кој може ексклузивно да го погледнете на Stylist.mk. По предлог магазинот Elle, организаторите на Elle Fashion Show, Душица требало да избере Дизни тема, таа ни откри дека ја избрала приказната за „Алиса во земјата на чудата“, како реминисценција на нашето детство, а колекцијата ја посветува на својот татко. Од Elle ја охрабриле да продолжи да креира во розова боја, која ја има и во првата колекција на Душица, а претставува и светски тренд. По претставувањето на шоуто на Elle „Алиса во земјата на чудата“ е отсликана и во овој едиторијал. Тимот кој ја потпишува фототсесијата се состои од луѓе со кои дизајнерката често соработува, а манекенката Сара се појавува и во претходната фотосесија со моделите на Shaleva Couture. Оваа колекција оди на продажба на поп-ап продавница во Париз што ќе се одржи на 6 и 7 октомври.
Душица Петит дипломирала на Есмод (ESMOD), една од најпрестижните и најстарите школи за мода, по што следат правење колекции и стажирање на повеќе места како на пример во операта во Бордо. Кога ланската година за првпат правевме интервју, ни откри дека сака да работи покрај Карл Лагерфелд во „Шанел“, по кратко време Душица доби ангажман да стажира на подготовкитете на една колекција на висока мода во оваа модна куќа. По дипломирањето Душица имаше ревии во Пекинг, на манифестациите Marie Claire Fashion Days и Elle Fashion Show во Будимпешта, потоа во Белград на ревијата на Fashion Scout See, и на минатото издание Моден викенд-Скопје. Таа ни најави дека во октомври повторно ќе биде дел од Моден викенд каде што ќе претстави нова колекција.
Креации: Shaleva Couture
Фотографија: Malaika M
Модели: Styfen Levieux, Jessica Chaman, Sarah Seewer
Фризура: Antoine Fernandez
Шминка: Clémence Oger-Mayer
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари