Моделот Алис Делал е заштитно лице на новите очила за сонце, за сезоната пролет-лето 2014, на брендот „Шанел“. Фотографиите ги сними креаторот Карл Лагерфелд. Тој ја улови русокосата убавица од агол од кој се гледаат очилата, кои се со црно стакло во полукружна форма со рачки украсени со кристали. Моделите ќе се најдат во продавниците во април оваа година.
Нема коментари