Актерките Алисија Викандер и Мишел Вилијамс повторно се во улога на заштитни лица на модната куќа „Луј Витон“ како ѕвезди на новата кампања Spirit of Travel за есен-зима 2015/16. Во секоја кампања од серијата Spirit of Travel брендот нè води на некоја егзотична локација, после Јужна Африка, Карибите, Индија, овојпат во дивината на пустина. Алисија и Мишел позираат во креации од ресорт-колекцијата на модната куќа, покрај ковчези и куфери со винтиџ изглед и новите модели на чанти на „Луј Витон“. Фотографиите ги направи Јурген Телер. Викандер е дел од главната кампања на „Луј Витон“ за актуелната сезона, а Вилијамс веќе неколку години ги промовира чантите на модната куќа.
Нема коментари