Како изгледа фустанот на „Гучи“ кој специјално за Бјорк беше изработуван цели 870 часа?! Восхитувачки секако! Тоа е раскошна и плисирана креација извезена со бисери, која со својот светкав финиш соодветно се надополнува со калеидоскопскиот видеоспот на исландската пејачка наречен The Gate. Креативниот директор на „Гучи,“ Алесандро Микеле, и неговиот тим потрошиле 550 часа за изработка на фустанот, и уште дополнителни 320 за врзување на деталите.
The Gate е првиот сингл од новиот албум кој Бјорк го подготвува и ќе се вика Utopia. Албумот се очекува да биде претставен во ноември. Спотот го потпишува Ендрју Томас Хуанг.
Нема коментари